-->
Уапсен член на анархистичката група „Рубикон“ за нападот врз турската амбасада во Атина
Грчката полиција уапси член на анархистичката група „Рубикон“, за кого е покренато обвинение за нападот врз турската амбасада во Атина.
Околу десетина членови на „Рубикон“ вчера ја офарбаа со црна и црвена боја фасадата на турската амбасада во Атина, а потоа анархистичката група преку соопштение на социјалните мрежи ја презеде одговорноста за инцидентот.
Во меѓувреме, полицијата уапси 74 анархисти при операција за испразнување на три згради во Солун, кои биле окупирани од нив. Во зградите биле откриени и две бегалски семејства, кои се префрлени во прифатен центар.
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата даде позитивно мислење за измени на повеќе законски решенија
-
Илинден прогласена за општина со најповолно бизнис опкружување
-
Заев: Посакувам, но не верувам дека името ќе се реши за две недели
-
Димитров: Консолидирањето на Европа е невозможно без стабилен и просперитетен Балкан
-
Невладините во Тетово бараат повеќе зеленило во градот
-
Вереницата на убиеното момче во Србија: Најсреќна ќе бев ако и јас умрев со него
-
Итно пренесена во болница: Познатата пејачка за малку да остане без око!
-
Беквалац се соблече да ги покаже и другите модрици – ова сигурно не е од масажа