-->
-->
Уапсен 42 годишник од Кавадарци, со „мазда“ превезувал 8 мигранти
-->
Денеска (08.01.2023) околу 01.15 часот, на место викано "Македонија пат" на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор “Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци.
При контрола на патничко возило "мазда 6", со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица - мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.
М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето