Македонија
20. July 2021 - 12:03

Уапсен 35 годишник затекнат при извршување тешка кражба од возило

На 19.07.2021 на паркинг простор пред хотел во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.Б.(35) од Скопје, затоа што бил затекнат при извршување тешка кражба од возило.

Украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.