Македонија
19. February 2025 - 12:13

Уапсен 27-годишник од Радовиш, пронајдена е марихуана и дигитална вага

На 18.02.2024 во 16.05 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Т.(27) од Радовиш.

Откако бил забележан од полициските службеници, тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, во близина на местото биле пронајдени неколку пакувања марихуана и дигитална вага, кои биле подигнати за понатамошна постапка. 

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.