Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО

Притвор е одреден за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Скопје во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода скопјанецот Б.А., на возраст од 25 години.

-Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР - Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признало делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка - притвор од 30 дена, појаснија од МВР.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
