Уапсен 24-годишник кој превезувал мигранти
При вршење мотопатролна дејност вчера на влез во село Лојане, од полициски службеници било забележано патничко возило „Ауди А4“.
По дадениот знак да застане, возилото не застанало и се упатило кон место викано „четирите куќи“. Потоа, возилото застанало и од него излегле мигранти, кои се дале во бегство, а возачот на возилото останал до возилото.
По преземените мерки од полициските службеници констатирано било дека се работи за 24-годишниот А.И. од село Лојане.
Во моментот кога бил задржан од полициските службеници, околу службеното возило се собрала група од околу 50-тина луѓе од село Лојане, по што од полициските службеници била побарана помош од друга мотопатрола од Полициската станица за Граничен надзор Сопот и А.И. бил лишен од слобода.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш