Фудбал
2. October 2017 - 14:24

У-21: Србија вистински тест за новата генерација

Македонската репрезентација до 21 година денеска ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Србија за пласман на Европското првенство 2019 година. На денешниот тренининг се приклучија Давор Здравковски и Филип Илиќ.
 
Репрезентативците Ремзифаик Селмани и Петар Петковски сметаат дека доколку сите го дадат максимумот, можеме одново да се радуваме на позитивен резултат. 
 
-Ова е нов и сосема поинаков натпревар од првиот во квалификациите против Ерменија. Србија е многу силна репрезентација и еден од фаворитите во нашата група. Ние повторно треба да бидеме силно мотивирани, добро да ги одработиме подготовките и да се надеваме на нов успех. Ќе направиме сѐ што можеме одново да ги израдуваме навивачите и да останеме на првото место во групата, изјави Петар Петковски, напаѓачот на Вардар.