Тврдокорни на средба со Заев: "Итно да се отфрли платформата која е нож во грб за Македонија"
Новоформираното патриотско здружение „Тврдокорни" денеска преку соопштение информира дека одржале средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која биле и Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски. Од "Тврдокорни" велат дека било побарано од СДСМ јавно да се отфрли Албанската платформа која и штети на Македонија и јасно им укажале дека доколку не се отфрли тие ќе бидат сметани за нивни противници.
„Од наша страна до раководството на СДСМ е побарано јавно да ја отфрлат албанската платформа и да ја прифатат како чиста уцена на штета на Македонија. Доколку Албанците и евентуалните идни коалициони партнери навистина сакаат искрено да расчистат со Никола Груевски и неговата врхушка, токму партиите на Албанците и самите пратеници Албанци во СДСМ, ќе ја повлечеа платформата од преговарачката маса. Токму заради ова, самата платформа ја сметаме за класичен нож во грб на нашата држава, од страна на албанските партии, кои во овој момент се обединија околу една агенда која е чисто деструктивна и непријателска кон нашата земја. Би сакале ние да грешиме, но се плашиме дека со нивната одлука, ќе следи долготрајна криза и нестабилност, од потежок карактер од сегашниот. Време е на уцените на албанските партии и нивните и непринципиелни барања да им се стави крај, затоа што секое одложување на тоа, ќе значат нови акти на уцени и агресија во иднина“, стои во сооптението.
Тврдокорни очекуваат во иднина да остварат средба и со раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, секојдневно во градовите низ Македонија се одржуваат протести против двојазичноста, промена на знамето, химната и грбот на Македонија.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350