-->
-->
Твитер се ребрендира во „Х“, познатата „сина птица“ оди во историја
-->
Сопственикот на „Твитер“, американскиот милијардер Илон Маск денеска објави дека логото на платформата во форма на птица наскоро ќе биде сменето.
Маск на Твитер напиша дека доколку се инсталира доволно добро „лого X“, тоа ќе биде објавено ширум светот во понеделник, но не даде дополнителни детали, објави Ројтерс.
Компанијата „Мета“, која ги поседува „Инстаграм“ и „Фејсбук“, овој месец ја лансираше новата социјална мрежа „Тредс“, која е директен конкурент на „Твитер“.
Маск го купи Твитер во октомври минатата година за 44 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди