Loading Video...
Свет
9. January 2021 - 16:31

Твитер го избриша профилот на Трамп, се највуваат нови протести за инаугурацијата на Бајден

Доналд Трамп остана без својот Твитер профил. Тој повеќе нема да може да  се огласува преку социјалната мрежа која поради опасност од поттикнување насилство трајно му го блокираше профилот. 

Забрана да го користат Твитер  добиле и оние демонстранти кои по првиот  собираат храброст да извршат втор упад во Капитол Хил и тоа на денот на инаугурацијата на Џо Бајден. Но тоа не ги спречи да продолжат да се организираат преку алтернативни социјални мрежи и форуми.

Дел од експертите велат дека не се изненадени од актуелните случувања во Вашингтон и предупредуваат дека ова може да е и само почеток на немирите.

И додека повиците за втор упад во Сенатот преку социјалните мрежи се се погласни, почнаа да се редат и првите обвиненија. Ричард Барнен кој упадна во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и се фотографираше додека седеше на нејзината маса е меѓу приврзаниците кој со Трамп кој ќе седне на обвинителна клупа. 

По насилствата кои се случија неделава во САД, анкетата на Ројтерс покажала дека 57 проценти од американците се изјасниле за Трамп веднаш да биде сменет. Седум од 10 гласачи кои гласале за републиканскиот претседател го осудиле однесувањето на екстремните приврзаници на Трамп. А Речиси 70 проценти од учесниците рекле дека не се согласуваат со однесувањето на Трамп пред немирите во средата.