Македонија
19. November 2018 - 16:18

Тужби против Македонија пред домашните и меѓународните судови за аерозагадувањето

Граѓански активисти, Меѓаши и новинари за човекови права ќе ја тужат државата пред домашните и меѓународни судови поради аерозагадувањето. Организациите покренаа петиција за нула толеранција за аеро загадувањето и загрозување на животот и  побараа помош од адвокат кој доброволно и без надомест ќе ги застапува. Ја повикаа и меѓународната заедница којa силно се заложила за референдумот да помогнe и во борбата за живот и решавање на проблемот со загадувањето. 

- Бидејќи животот на децата е доведен во прашање, испративме протестно писмо до сите меѓународни институции и комитети .Дојдено е време некој да си понесе одговорност, вели Драги Змијанац од Меѓаши.

Според последните истражувања и анализи државата издвојува 300 милиони евра за лекување на граѓаните од последиците добиени од загадувањето а само 1.5 милион за новата владина стратегијата Чист Воздух. Активистите остро реагираат на средствата одвоени за 2019година за животна средина и намалување на загадувањето со само 0.6 проценти  од буџетот. 

-Доколку државата смета дека ова стратешки план треба да ги зголеми средствата. Бараме еднаш неделно да ги информираат граѓаните што е преземано .Инспекциските служби веќе не треба само да опоменуваат, туку веднаш да ги затвораат  објекти кои се идентификувани како најголеми загадувачи, рече Гордана Несторовска „ Радар“. 

Здружените организации ги повикаа министерствата да ги почитуваат сите протоколи, резолуции и конвенции кои ги имаат потпишано. Побараа бесплатен јавен превоз во наредните 3 месеци, да се зголеми бројот на инспектори кои ќе вршат надзор, а за да имаат работа ги повикаа граѓаните да пријавуваат загадувач. 

- Не ги користат филтрите. До ЈСП да го зголеми бројот на автобуси, апелира Наташа Амдију 

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе информација до Собранието за енормното загадување и повикаа да се одржи јавна расправа во комисијата за транспорт,врски и екологија каде што ќе бидат повикани сите засегнати граѓански активисти и здруженија. 

Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и е во врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител.Уште поскандалозно е и што власта покрај тоа што ништо не прави за да го реши проблемот со загадувањето, пробува преку исклучување на мерните станици низ државата истото да го сокрие од граѓаните.СДСМ мора барем еднаш да понесе одговорност и барем еднаш да покаже дека искрено се грижи за граѓаните бидејќи сега се власт и можат да реализираат се што ветуваа за подобрување на воздухот, а не да се молат да дувне ветар или да заврне дожд за да го тргне смогот што граѓаните секојдневно го дишат.“ 

Од владејачката СДСМ одговорија дека ниту една иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, лидерите во лажење и лицемерие нема да ја прикрие нивната директна одговорност за непреземањето ништо цела деценија. 

 „За разлика од таквиот лицемерен однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежните институции, Градот Скопје и општините започна системско решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето што со години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ.