Тужбата од граѓаните за аерозагадувањето не го загрижува Дураку оти тој не се занимава со граѓаните
Министерот за животна средина не го допираат критиките на граѓаните дека 1.5 милион евра се премалку пари за борба против загадувањето.
По неколку недели загадување во црвено, надлежниот министер застана пред камерата на Сител. Вели, трошиме толку колку што имаме, а за сите прашања не упати кај работната група.
На стартот од грејната сеозна кога температурите се уште не се толку ниски, загадувањето редовно ги надминува максимално дозволените прагови. Граѓаните организираат протести, најавуваат тужби, бараат помош од надлежните. Министерот вели , тоа не било негова работа.
И раководителот за меѓународна соработка во делегацијата на ЕУ во Скопје Никола Бертолини не доаѓа од Швајцарија, но сепак за разлика од Дураку тој вели дека проблемот не е до парите туку до оние што ги трошат.
И додека граѓаните чекаат ефикасни и брзи мерки за почист воздух оваа зима, надлежните се уште се консултираат со експертите и работат на анализи.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар