Туск: Затворањето на балканската рута е пресвртница на мигрантската криза
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск смета дека затворањето на балканската рута, кое почна на македонско-грчката граница, е пресвртница на миграциската криза.
„Бизнис инсајдер“ пренесува дека Туск во интервјуто за германскиот „Билд“ го дал овој одговорот на прашањето дали затворањето на границите на Балканот политички и помогнало на германската канцеларка Ангела Меркел.
Новинарот по одговорот на Туск констатирал дека Меркел, без оглед на тоа, жестоко го критикувала затворањето на балканската рута.
- Потоа дојде договорот со Турција. На двете решенија работевме заедно. Сега ситуацијата е под контрола, наведе Туск.
На прашањето зошто повеќето од партнерите во ЕУ ја оставиле Германија сама во бегалската криза, Туск истакна дека „ земјаќи го предвид бројот на жители, и другите земји исто така примија голем број на мигранти“.
- Значи, Германија не е оставена сама и не треба да глуми маченик. Тоа е подеднакво неточно колку и обвинението дека отворените германски граници се причина за бегалската криза, објасни Туск.
Ново на Сител
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти
-
Муцунски во Србија