-->
-->
Туск: Застанавте до нас и ние ќе застанеме до вас
-->
- Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација. Гледам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик.Туск рече дека нема подобро место од Скопје за да ја заврши балканската турнеја.
- Многу работи се променија од 2015 година, кога доаѓав со партнерите за да се сопре приливот на мигранти. Од тогаш балаканската рута е затворена и така треба да остане, рече Туск.
Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.
- Покажавте солидарност за некои геополитички прашања како што беше случајот во Солсбери. Застанавте до нас ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани, рече првиот човек на Европскиот совет.
Премиерот Заев, пак, кажа дека по ЕК, Македонија сака да ги убеди и земјите членки дека заслужува да добие датум и да ги почне преговорите за членство, а во тоа никогаш била поблиску.
- Продолжуваме со исто темпо, реформите ќе станат повидливи и поконкретни, рече Заев, најавувајќи го Планот 18, што се подготвува во соработка со ЕК
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
-

Марихуана и кокаин пронајдени во Затвор Идризово
