Балкан
13. јуни 2016 - 11:03

Туск: Укинување на визите за Турција кога ќе ги исполнат сите критериуми

Европската унија е се поблиску до одлуката за визна либерализација за Турција, но разговорите за тоа прашање ќе продолжат барем до декември, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во интервју за германски Билд.

На прашање – Кога Турците ќе добијат визна либерализација, Туск вели: - Кога ќе ги исполнат сите критериуми без исклучоци.

Преговорите според него ќе траат до октомври, но „се поблиску сме“.

Договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на мигрантската криза предвидува Анкара да исполни 72 услова за визна либерализација.

Ново на Сител