Туск: Турција нема никаква врска со реалноста

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска дека Турција „нема никаква врска со реалноста“ затоа што ги опишува и дисквалификува Холанѓаните како „фашисти“.
- Холандија е држава на слободата и демократијата. А тоа е и Ротердам. Овој град на Еразмо Ротердамски беше разурнат од нацистите во текот на Втората светска војна, додека денеска во него живее најбројната мароканска заедница- рекол Доналд Туск.
Неговата изјава претставува реакција на на острите и груби пораки на официјална Анкара и на турските државни медиуми, за забраната на неколку земји од ЕУ ,за организирање митинзи на турските имигранти на нивната територија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Холандија, за „нацистичко однесување„ откако холандската влада не дозволи турски министер да зборува на партиски митинг во Ротердам, за претстојниот референдум во Турција, за зголемување на овластувањата на актуелниот шеф на државата.
Гневен Ердоган, уште го искористи масакрот врз муслиманите во Сребреница од пред безмалку 22 години, за да се обвинува Холандија.
„Ако некој гледа фашизам во Ротердам, тогаш тој е целосно надвор од реалноста„- рекол претседателот Туск.
Холандија, а пред тоа и Германија, Австрија и Швајцарија , не дозволија турски министри и функционери на владечката партија во Турција, да зборуваат на митинзи пред турските имигранти во овие земји, повикувајќи ги да гласаат на референдумот, за да му се дадат повеќе овластувања на Ердоган.
Претходно, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го осуди грубото и навредувачко реагирање на Ердоган на одлуките на овие земји, оквалификувајќи го како- скандалозно.
-Сето тоа само ја одалечува Турција од ЕУ- рекол Јункер во својата реакција на расправијата на Анкара со земјите од Унијата.
Ново на Сител
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
