Туск се сретна со Ципрас

Треба да донесеме важни одлуки во Европската унија, со цел да ја оставиме кризата зад нас, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во Атина со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
- Сите земји-членки треба да ги преземат своите одговорности со цел Европа да се задржи обединета и безбедна, нагласи Ципрас.
Туск, од своја страна, изрази оптимизам околу склучувањето на вториот преглед на финансиската програма за Грција.
- Денеска сум повеќе оптимист од вчера...Благодарение на покажаната упорност и реализам, многу сме блиску до завршување на вториот преглед, изјави тој.
Туск, сепак додаде дека „се уште се далеку разговорите за успешна приказна во грчката економија“.
Претседателот на Европскиот совет претходно се сретна и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
