Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина

Полскиот премиер, Доналд Туск, ја обвини Русија дека го нарушила воздушниот простор на Полска за време на масовниот напад врз Украина извршен во текот на ноќта.
„Русија за време на масовниот напад врз Украина го наруши нашиот воздушен простор“, објави Туск на платформата „Икс“.
Тој додаде дека свикал координативен тим, во кој се вклучени министерот за одбрана, Владислав Косиниак-Камиш и претставници на надлежните служби, кои го истражуваат случајот и го информираат за околностите под кои дошло до инцидентот.
Жителите на источнополското Лублинско војводство рано утрово пријавиле силна експлозија. Полската војска соопшти дека во 3:40 часот во воздушниот простор бил откриен неидентификуван објект што се движел кон запад.
Кон објектот бил испратен дежурен борбен авион „Ф-16 за“ извидување и евентуално пресретнување. Подоцна објектот паднал кај селото Тарнава-Колоња, каде биле пронајдени кратер и остатоци. Нема информации за повредени лица.
Засега официјално не е соопштено за каков објект станува збор. Инцидентот се случил додека руските сили извршувале интензивен воздушен напад врз Украина со десетици ракети и стотици дронови.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
