Туск: Не го тресете нестабилниот европски брод

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во Варшава апелираше до полските власти да бидат повоздржани во барањата за промени на основниот договор на ЕУ.
- Полска треба да почне да размислува за Европа како за нешто што вреди да се негува, а не да се напаѓа. Полска имаше полза од Европа, ваква каква што е, со сите нејзини недостатоци, изјави Туск по средбата со полскиот премиер Беата Шидло.
Туск, кој е поранешен полски премиер, изјави дека очекува на самитот за иднината на ЕУ во Братислава, да има „тензии и емоции“, нагласувајќи дека за Полска е значајно да не се придружи кон оние кои се „подготвени да го затресат европскиот брод, кои и онака е ослабен со Брегзитот и мигантската криза“.
- Немојте да го тресете нестабилниот европски брод, порача Туск.
Тој нагалси дека на Самитот во Братислава ќе бидат утврдени патоказите по кои ќе се менува ЕУ по истапувањето на Велика Британија.
- Процесот на дефинирање на одлуките би требало да заврши следната година на Самитот во Рим, додаде Туск.
Туск истакна дека и словачкиот премиер и актуелен претседавач со Унијата, Роберт Фицо ја прифаќа идејата Самитот во Братислава да претставува можност за „поставување на дијагноза на ЕУ, насочување кон она што ја поврзува Европа без понатамошно продлабочување на разликите и за започнување на процес на промени“.
Самитот на ЕУ во Братислава е закажан за в петок.
Ново на Сител
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
