Турските власти предупредуваат дека се уште не се подготвени за голем земјотрес
Турција се уште не е подготвена за големиот земјотрес кој сеизмолозите зачестено и со голема загриженост го најавуваат во пределот на Истанбул, предупреди турскиот министер за животна средина и градежништво, Мехмет Осхасеки.
Како пто јави ДПА, изјавата на Осхасеки следи по неколкуте земјотреси со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала, што го погодија западното крајбрежје на Турција месецов и предизвикаа голема материјална штета, .
Според научниците, Мраморното Море го очекува силен земјотрес наредниве 15 години. Секако, никој не знае кога точно тој ќе се случи.
- Ако има земјотрес во Истанбул, тоа ќе биде катастрофа. Подготвени ли сме за тоа? Не сме, изјави Осхасеки.
Во Турција, земја што се наоѓа во сеизмички активен предел, се регистрирани неколку разорни потреси, меѓу кои и оној во округот Ван во 2011 година, кој однесе 600 животи, како и оној во областа на Истанбул во 1999, при што загинаа 17.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Полицијата уапси двајца скопјани кои пренесувале 6 мигранти со својот автомобил
-
Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана
-
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ветуваше, но нема капитален проект
-
Во Италија намалена брзината на ширење на коронавирусот
-
ОН: Стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарното оружје
-
Бајден побара проценка за заканата од насилен екстремизам во САД
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни
-
226 санкционирани возачи во Скопје, 11 за брзо возење, 19 без возачка