Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

Властите во Турција во 2024 година блокирале повеќе од 311.000 Интернет страници, со што е достигнат највисокиот број забрани откако се води ваква статистика, стои во извештај на Турската асоцијација за слобода на изразување (İFÖD), цитиран од Туркиш Минут („Turkish Minute“).
Според извештајот на организацијата, која се занимава со следење на цензурата во онлајн просторот во Турција, над 80 проценти од страниците биле блокирани од Турскиот институт за информации и телекомуникации (BTK). Меѓу институциите што често барале блокирања се наоѓаат и Турската фудбалска федерација (TFF), турското Министерство за здравство и Секторот за тутун и алкохол при Министерството за земјоделство.
Во извештајот се наведува дека покрај бројните блокирани веб-страници, во 2024 година турските власти ограничиле над 17.000 профили на социјалната мрежа X, повеќе од 25.000 видеа на ЈуТјуб (YouTube) и над 30.000 објави на Фејсбук и Инстаграм.
Во заклучокот, İFÖD оценува дека цензурата во онлајн просторот во Турција во 2024 година достигнала „апсурдно и непредвидливо ниво“. Како примери се наведуваат привремено блокирање на пристапот до Инстаграм во август минатата година и неограничено блокирање на платформи како Wattpad, Roblox и Discord.
Бројот на блокирани страници расте со забрзано темпо: во 2022 биле речиси 140.000, во 2023 над 240.000, а во 2024 веќе надминале 311.000, наведува „Turkish Minute“, повикувајќи се на податоците од İFÖD.
Во последната деценија, Турција воведе сè построги закони насочени кон дигиталните платформи. Меѓу нив е и законот за дезинформација од 2022 година, кој го криминализира ширењето на „невистинити или погрешни информации“ и предвидува казна затвор до три години. Критичарите на владата го сметаат овој закон за алатка за потиснување на несогласувањето и задушување на гласовите на опозицијата.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
