Турските безбедносни сили неутрализираа 100 припадници на ПКЛ

Турските безбедносни сили во периодот од 24 до 30 ноември неутрализираа 100 терористи, вклучително и двајца членови на раководството на терористичката организација, во операции против Курдистанската работничка партија (ПКК) во источна и југоисточна Турција и во северен Ирак, соопшти денеска Генералштабот на турската Армија.
Во соопштението се посочува дека „големи и средни операции“ биле спроведени во турските окрузи Дијарбакир, Тунели, Битлис, Агра, Батман и Сирт и во областите Зап и Авашин-Башан во северен Ирак.
При операциите се запленети оружје и експлозиви и се уништени 59 борбени позиции, засолништа и магацини на ПКК.
Курдиската работничка партија води вооружена борба против турската држава од 1984 година. ПКК се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.
Ново на Сител
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
-

Неопходно е формирање на туристичка полиција
-

Нова опрема за пожарникарите пред сезоната на пожари
-

Годинава се очекуваат рекордни количини на тутун од над 31 милион килограми
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
