Балкан
31. January 2017 - 11:15

Турскиот вицепремиер се надева дека указот на Трамп за миграциската политика ќе биде преразгледан

Указот на американскиот претседател Доналд Трамп за затегнување на миграциската политика е неприфатлив, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, пишува весникот „Хабертурк“. 

- Такво нешто е невозможно да се прифати. За жал зад тие одлуки во значителен степен стои зајакнувањето на исламофобијата, ксенофобијата и антимиграциското расположение на Запад, нагласи тој.

Турскиот вицепремиер истакна дека одлуката на Трамп предизвикала поделби меѓу луѓето и изрази надеж дека таа ќе биде преразгледана. 

Куртулмуш нагласи дека сите граѓаните на која било држава не може категорично да се прогласат за лоши.

- Затоа демократските земји и меѓународната заедница треба да создадат една мрежа за борба против криминалците или лицата поврзани со тероризмот и да ја зајакнат меѓународната коалиција за борба против нив, додаде тој.