Македонија
30. July 2015 - 17:21

Tурскиот театар ќе добие нов објект

Почна поставувањето на првата темелна плоча  од Турскиот театар – Скопје. Новиот објект, кој ќе биде со површина од 2600 метри квадратни, се гради во близина на Железничката станица во Скопје.

Локацијата, на која ќе се гради театарот, ја посети министерката за Култура Елизабета Канческа – Милеска, која најави дека карабината од објектот треба да биде завршена до крајот на годината.

Турскиот театар долги години сцената ја делеше со Албанскиот театар – Скопје, но директорот Атила Клинче се надева дека работите ќе се одвиваат според предвидената динамика, и дека наскоро ансамблот на Турскиот театар ќе се пресели во својот нов дом.

Изградбата на карабината ќе чини 4,5 милиони евра, а откако ќе биде готова, градежните активностите ќе продолжат во соработка со Турција, која според договорот, треба да се вклучи во останатите фази од изградбата.