Турскиот премиер тврди дека ситуацијата во голема мера е под контрола
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека ситуацијата во земјата во голема мера е под контрола.
Тој додаде дека началникот на вооружените сили и воените команданти имаат контрола над ситуацијата, а оти над Анкара е прогласена забрана за летови.
Во меѓувреме, турската новинска агенција Анадолија јави дека лидер на обидот за воен удар е полковник Мухарем Косе, кој раководеше со военото одделение за правна помош, а неодамна беше сменет од функцијата.
Анадолија посочува и дека други офицери биле вклучени во пучот - Мехмет Огуз Акус, Еркан Афин и Доган Ујсал.
Турските власт за пучот го обвинија верскиот лидер и контроверзен проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, САД.
Движењето Хизмет на Ѓулен е голем критичар на секуларизмот во Турција и противник на членство во Европска унија.
Ѓулен претходно ја поддржуваше владата на Реџеп Таип Ердоган и членството во ЕУ, но денес се на спротиставени страни. Турските власти на 19 декември 2014 година издадоа потерница по Ѓулен под обвинение дека е лидер на терористичка организација,
Организацијата блиска до Ѓулен демантира дека е вмешана во пучот во Турција.
- Ја осудуваме секоја воена интервенција во домашната политика во Турција, се посочува во соопштението на Алијасата за заеднички вредности.
Во исто време, медиумите јавуваат дека во обидот за воен удар загинале 90 луѓе, а 1.154 се повредени, како и дека 1.563 учесници во пучот се приведени.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот