Свет
5. January 2016 - 14:21

Турскиот премиер понуди помош за решавање на кризата меѓу Саудиска Арабија и Иран

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ги повика Саудиска Арабија и Иран да користат дипломатски канали за намалување на тензијата по егзекуацијата на истакнатиот шиитски свештеник, и нагласи дека Турција е подготвена да ја одигра својата улога во решавањето на кризата, пренесува БТА.

- Веднаш треба да им се даде шанса на дипломатските канали. Турција е подготвена да понуди секаква можна конструктивна помош за решение, изјави Давутоглу. 

Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран во неделата по нападот врз саудиската амбасада во Техеран, која следеше по егзекуацијата на шиитскиот свештеник Нимр ал Нимр. 

Саудиска Арабија соопшти дека ќе ги обнови дипломатските односи кога Техеран ќе престане да се меша во внатрешните работи на другите земји.