Турскиот парламент расправа за зајакнување на извршната власт на Ердоган

Турскиот парламент денеска започна расправа за неколку уставни амандмани, со кои треба да се зајакне извршната власт на шефот на државата Реџеп Тајип Ердоган, како и да му се овозможи уште двапати да се кандидира за претседател.
Според очекувањата, расправата во Парламентот би требало да трае околу две недели, а реформите мора да поминат два круга на гласање и да добијат поддршка од најмалку 330 пратеници во 550-члениот законодавен дом.
Владејачката Партија за правда и развој има 14 гласови помалку од неопходните 330, но ја обезбедила поддршката од националистичката партија.
Предложените измени треба да му овозможат на претседателот да биде главен носител на извршната власт, да именува влада, да предлага буџет и да прогласува вонредна состојба во државата. Со реформите би се зголемил и бројот на пратеничките места од 550 на 600, ќе се редуцира минималната возраст на пратениците од 25 на 18 години и ќе се утврди претседателските и парламентарните избори да се одржуваат во ист ден.
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
