Свет
31. March 2023 - 8:28

Турскиот парламент го одобри влезот на Финска во НАТО

Турција конечно ја одобри апликацијата на Финска за приклучување кон НАТО, ставајќи крај на повеќемесечните одложувања, но во исто време продолжи да ја блокира Шведска да се приклучи на воената алијанса.

Турскиот парламент вчера едногласно гласаше за членство на Финска, отстранувајќи ја последната пречка во процесот на пристапување.

Гласањето е исполнување на „ветувањето“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да и дозволи на Финска да се приклучи на одбранбениот сојуз, пренесува "CNN".

Турција беше последната членка на НАТО која го одобри пристапот на Финска, a Унгарија го направи тоа во понеделникот.