-->
-->
Турски војник убиен при напад со автомобил бомба во Сирија
-->

Еден турски војник загина при напад со автомобил бомба во градот Ал Баб во северна Сирија, соопштија Вооружените сили на Турција.
Во извештајот на турската Аармија се наведува и дека при престрелки во текот на вчерашниот ден биле убиени 11 терористи од групата Исламска држава (ИД).
Во документот уште се посочува дека воени авиони уништиле 52 цели на ИД во реонот на Ал Баб, што е под контрола на џихадистите.
Офанзивата е дел од операција „Еуфратски штит" на турската Армија во реоните околу турско-сириската граница, што започна пред четири месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
