Турски производители и трговци на земјоделските машини и прехранбени производи барат партнери во земјава
Стопанската Комора на Македонија-Турција, МАТТО денеска оствари средба со делегација од Стопанската Комора од турскиот град Зиле на која беа разменети искуства и се зборуваше за можна идна соработка во областа на земјоделството.
Неџати Биџе, претседател на Стопанската Комора од Зиле, истакна дека на средбата се разговарало за механизацијата што се користи во земјоделството, потенцијалите кои ги има нашата земја и соработката што можат да ја остварат производителите и трговците на земјоделските машини и прехранбени производи од Зиле во Северна Македонија.
Заменик претседателот на МАТТО, Имер Селмани потенцираше дека делегацијата од Стопанската Комора од Зиле е во посета на земјата со цел да ги разгледа можностите за соработка во делот на земјоделството, особено во делот на механизацијата, што е потребна за развој на земјоделството.
– Ние сите знаеме дека во Република Северна Македонија има потенцијал во земјоделството којшто за жал не е до крај искористен онака како што може да биде искористен. Сите пак, од друга страна знаеме дека Република Турција има добро развиено земјоделство, има успешна земјоделска механизација. Сепак, сметам дека е добра можност меѓу земјоделците, меѓутоа и меѓу фирмите, да се развие една соработка не само во делот на продажбата, туку и можно заедничко производство и пласман, евентулано и во трети земји од нашата држават, кон Балканот, пошироко и кон Европа, истакна Селмани.
Тој нагласи дека Северна Македонија може да претставува една многу успешна „врата“ за моќните големи турски компании кон земјите од Европската Унија.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка