Бизнис
14. јуни 2016 - 13:43

Турски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Росоманско

Турски бизнисмени се заинтересирани да инвестираат во Росоманско, делегации од турските градови Мерсин и Измир се во посета на општина Росоман, информираат денеска од службата за односи со јавноста при росоманската локална самоуправа.

- Се работи за инвеститори со кои претходно бевме во комуникација околу можна соработка на полето на економијата. Целта на посетата е да се разгледаат можностите за вложување во откупни центри за земјоделски производи од регионот, нагласува Ѓорѓи Крстевски, портпарол во општината.

Тој вели дека на средбата со градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, гостите од Турција разговарале за унапредување на соработката во бизнис секторот.