Турската Влада предупредува на можно засилување терористичките напади во земјата
Терористичките групи можно е да ги засилат нападите во Турција пред референдумот за уставни промени, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, во интервју за Анадолија.
Тој истакна дека терористите нема да можат повеќе да организираат напади, откако турскиот народ ќе гласа со „големо да“ на референдумот.
Турција ќе организира референдум за пакет од уставни промени, што ќе доведат до воведување на извршна претседателска власт.
Референдумот веројатно ќе се спроведе кон почетокот на април.
Куртулмуш наведе дека примарна грижа на владејачката Партија на правда и развој за време на кампањата за референдумот ќе биде борбата против тероризмот.
- Кампањата ќе поддржува посилен управувачки и поефикасен модел за донесување на одлуки, што ќе го елиминираат тероризмот. Ние ќе водиме кампања основана на идеи, со што ќе нема промена на режимот, туку промена на системот. Турција ќе има ефективен модел на управување, што ќе работи во насока на раст, развој и сила, нагласи турскиот вицепремиер.
Тој предупреди за можни обиди за атентати на истакнати фигури пред референдумот со цел да се попречи позитивно гласање.
Куртулмуш исто така посочи дека Партијата за правда и развој нема да води заедничка кампања за референдумот со опозициската Партија на националистичко движење, што исто така ги поддржа во Парламентот уставните промени.
- Двете партии ќе водат кампања за референдумот водени од нивните сопствени приоритети, потенцира турскиот вицепремиер.
Истовремено, лидерот на опозициската Народнорепубликанска партија Кемал Киличдароглу го критикуваше Куртулмуш поради тврдењето дека терористичките напади во земјата ќе запрат ако народот гласа за уставните промени, што ќе доведат до зголемувања на ингеренциите на претседателот.
- Ако тоа е точно, тоа значи дека изворот на тероризмот денес е Владата и претставникот на Владата го признава тоа отворено, наведе Киличдароглу.
Ново на Сител
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред