Балкан
19. February 2016 - 14:10

Турската полиција приведе 17 лица, осомничени во врска со нападот во Анкара

Турската полиција приведе 17 лица, осомничени во врска со нападот, извршен во средата вечерта во Анкара, во кој загинаа 28 лица, а истрагата е речиси завршена, изјави денеска главниот обвинител на Анкара Харун Кодалак. 

Приведените, чии имиња не се соопштуваат се уапсени во седум окрузи на земјата и полицијата трага по уште еден осомничен. 

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави вчера дека бројот на приведените е 14, но додаде дека очекува уште апсења.

Помалку од 24 часа по нападот Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу изјавија дека тој е испланиран од Курдската работничка партија и сириската прокурдска Партија „Демократски сојуз“.