Турската крајбрежна стража евакуираше екипаж на руски брод
Турската крајбрежна стража го евакуираше екипажот на рускиот товарен брод „Волгодон-203“, кој вчера се насука во близина на Истанбул, изјавија претставници на рускиот Конзулат во градот, јави ТАСС.
- Животот на членовите на екипажот не е загрозен. Крајбрежната стража ги евакуира, изјави портпаролот на Конзулатот, додавајќи дека бродот се насукал поради неповолните временски прилики, проследени со силен ветер во Босфорот.
Агенцијата Анадолија јавува дека ова е втор ваков инцидент, кој вчера се случил во Истанбул, бидејќи во текот на денот уште еден брод се насукал поради ветерот и неговиот екипаж исто така е евакуиран.
Рускиот брод се насукал во близина на истанбулскиот дистрикт Картал, на азиската страна на градот и на брегот на Мраморното Море.
Ново на Сител
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години