Џет-Сет
4. August 2017 - 21:43

„Турската дива“ во Непал ја помешаа со Буда

Светски познатиот турски пејач транссексуалец Булент Ерсој (65), попознат како „Турската дива", беше помешан со Буда во будистички храм во непалскиот главен град Катманду, поради физичкиот изглед, но и специфичната шминка и облека.

Ерсој го посети комплексот храмови Боднат, заедно со други ѕвезди од турското реално шоу „Убавините на светот". „Дивата“ била облечена во портокалова наметка, а лицето и било покриено со црвено-бела шминка.

Кога влегла во еден од храмовите, неколкумина верници паднале на колена крај неговите нозе, при што Ерсој извикала: „Деца мои, јас не сум Буда!"

„Турската дива" го привлече вниманието на светот во 1981 година, кога направи шест операции за промена на полот во Лондон. Нејзиниот стил, чувството за мода, ексцентричноста, но и талентот за пеење ја претворија во икона во Турција, пишува „Дејли сабах".