Турската армија заплени големо количество оружје на ПКК во југоисточна Турција
Турските сили за безбедност во југоисточниот дел на земјата заплениле големо количество оружје на Курдската работничка партија (ПКК), пренесе весникот „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на денешното соопштение на турските Вооружени сили.
Армијата посочува дека станува збор за најголемиот удар врз логистичката поддршка на терористичката организација во последните неколку години.
Турските сили за безбедност откриле 25 пештери, што ПКК ги користела како складишта за оружје во регионот Инџебел-Като, во округот Шарнак во југоисточна Турција.
Според соопштението, тоа е најголемото складиште на оружје и муниција на ПКК во земјата.
По операцијата што ја презеле во регионот во последните три недели, турските сили за безбедност на 6 и 7 мај ги претресле пештерите, каде пронашле голем број пачиња оружје и муниција од различна големина, па дури и противтенковско оружје и автомати. Армијата посочува дека тоа е најголемото количество оружје на терористичката организација, што било запленето одеднаш.
Меѓу конфискуваното оружје имало 237 автомати „Калашњиков“, 23 пешадиски пушки, девет пушки „пумпарици“, девет минофрлачи, големо количество муниции и четири тони експлозив направен врз основа на амониум нитрат.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение