Турската армија убила 24 борци на ПКК во југоисточна Турција и извела нови воздушни напади во северен Ирак

Турски воени авиони вчера извеле нови напади врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, а турските сили за безбедност во операциите во југоисточна Турција убиле 24 курдски бунтовници, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на турската армија.
Бунтовниците од ПКК вчераноќ презеле напад со автомобил бомба врз воена позиција во близина на Дијарбекир, во југоисточна Турција, при што загинале тројца припадници на турските безбедносни сили, а 24 биле ранети, се посочува денеска во посебно соопштение на армијата.
Сведок на настанот за британските медиуми изјави дека во експлозијата на патот меѓу Дијарбекир и Лиџе биле предизвикани сериозни штети врз воените инсталации. Турските сили за безбедност наредиле строги безбедносни мерки во регионот и кренале заштитни прегради околу местото.
Во вчерашните воздушни напади на турската армија врз цели на ПКК во северен Ирак биле уништени складови со муниција и засолништа на бунтовниците во реонот на Авасин и Басјан, се посочува во армиското соопштение.
Во вчерашните операции во градовите Нусајбин, Шарнак и Јуксекова, во јигоисточниот дел на земјата, турските сили за безбедност убиле 24 курдски бунтовници.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека од декември до сега загинале над 300 припадници на силите за безбедност, а според прокурдската опозиција стотици цивили, исто така, биле убиени во воените операции против членови на ПКК.
Според армиски податоци, од јули, кога беше прекинато 30-месечното примирје, до овој момент се убиени над илјада бунтовници во југоисточниот дел на земјата, населен главно со Курди.
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
