Турска министерка протерана од Холандија, демонстрации во Ротердам и Анкара
Холандската полиција, во текот на ноќта, ги растера демонстрантите, приврзаници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од пред турскиот конзулат во Ротердам. Тие протестираа откако на турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Каја и беше оневозможен пристап до тој објект. Министерката потоа беше протерана од Холандија и со придружба на полиција доведена до границата со Германија.
Во Ротердам, холандските сили за безбедност со употреба на водени топови ги растераа демонстрантите собрани пред турскиот конзулат.
Холандскиот премиер Марк Руте преку социјалните мрежи порача дека било барано разумно решение, но тоа се покажало невозможно.
- Холандската Влада ја прогласи министерката за непожелно лице, па согласно нашите прописи таквата личност мора да се протера и врати од каде и дошла, односно во овој случај во Германија. Беа потребни неколку часа преговарање за да ја натераме да излезе од возилото и да можеме да ја протераме. Моравме да провериме и дали нејзиното обезбедување, 10 до 15 лица, се вооружени, изјави градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб.
Не беше мирно ниту пред холандската амбасада во Анкара. Турското Министерство за надворешни работи од безбедносни причини го затвори пристапот до тој објект, но исто така и до конзултатот во Истанбул. Слични мерки се во сила и пред резиденцијата на холандскиот амбасадор.
Дипломатскиот судир меѓу Холандија и Турција се одвива на само три дена пред парламентарните избори во Холандија.
Вчера изутрина холандската Влада ја повлече дозволата за слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу требаше да пристигне на митинг во Ротердам.
Ваквата своја одлука холандската Влада ја образложи со ставот дека стравува оти престојот на Чавушоглу во Ротердам би можел да ги „загрози јавниот ред и безбедност“.
Чавушоглу требаше да отпатува за Ротердам за да учествува на митинг на припадниците на тамошната турска заедница во пресрет на уставниот референдум во Турција, иако ротердамскиот градоначалник Ахмед Абуталеб ја забрани неговата посета. Тој требаше да зборува на митинг со цел да се поттикнат Турците во Холандија да гласаат на референдумот за промена на Уставот на Турција, со што треба да се зголемуваат надлежностите на шефот на државата.
Турските власти слични собири планираат и во други европски земји, па шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу пристигна во Франција, каде денеска во Мец треба да зборува пред турската заедница.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено