Турска компанија го доби под концесија „Патот на нацијата“ во Албанија
Турската компанија „Vendeka Bilgi Teknolojileri Ltd” е избрана за најдобар понудувач на тендерот за давање под концесија на автопатот Тирана-Кукс-Морина, што Албанците го нарекуваат „Патот на нацијата“.
Според албанското Министертво за транспорт, компанијата е избрана во соработка со меѓународната консултантска куќа „IFC“.
Владата на концесионерот му гаранира субвенција до 5,6 милиони евра годишно, доколку не се реализира планираниот сообраќај.
“Vendeka Bilgi Teknolojileri Ltd” понудил почетна инвестиција од 50,6 милиони евра и инвестиција во континуитет за оддржување и работа на автопатот во износ од 320 милиони евра.
Со давањето под концесија на автопатот Тирана-Кукс-Морина, во должина од 134 километри, ќе се воведе и патарина од пет евра за автомобил, додека за товарните возила таа ќе биде повисока. Истата се очекува да почне да се применува од септември, со што овој автопат станува прв патен правец во Албанија каде ќе се плаќа патарина.
Турската компанија автопатот го добива под концесија за период од 30 години.
Ново на Сител
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите