-->
-->
Турнир Умаг: Пораз на стартот
-->
Ракометната репрезентација на Хрватска ја совлада Македонија со 29:21 (17:12), во првиот натпревар на „Кроација Куп“, кој во петокот започна во Умаг.
Првите десет минути, во кои Хрватска создаде предност од пет голови (7:2), против подмладениот македонски состав, го одреди понатамошниот тек од натпреварот. Хрватите таа позитива ја одржаа до крајот на првиот дел.
Во второто полувреме Македонија успеа да се доближи на три голови негатива (19:16, 21:18),но не успеа посериозно да ја загрози предноста на Хрватска.
Кога селекторот Ивица Обрван, во последните 15-тина минути реши да им даде шанса на помладите беше јасно дека Хрватите ќе забележат победа.
Пешевски со шест голови беше најефикасен во македонската репрезентација, а капитенот Лазаров постигна гол помалку. Хрватска ја предводеше Хорват со седум голови.
Македонија, в сабота ќе го одигра вториот меч на турнирот, а противник е селекцијата на Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори