-->
-->
Туркменистан тврди дека во земјата нема случаи на Ковид-19
-->
Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов тврди дека во неговата земја нема случаи на коронавирусот, објавија денеска локалните медиуми.
Изјавата на Бердимухамедов е дадена за време на отворањето на нова болница за инфективни болести.
Тој ја поздрави „големата ангажираност“ на државата при избегнувањето на вирусот, пишува државниот весник „Неутрален Туркменистан“.
– Како резултат на преземените превентивни мерки досега во земјата не се регистрирани случаи на Ковид-19, нагласи Бердимухамедов.
Туркменистан и Северна Кореја се меѓу помалку од десетина земји во светот, кои се уште не потврдиле ниту еден случај на коронавирус. Останатите се тихоокеански островски држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
