Балкан
17. January 2016 - 18:39

„Туркиш ерлајнс“ за утре откажа 246 летови од и до Истанбул

Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа за утре вкупно 246 внатрешни и меѓународни летови од и до истанбулските аеродроми Ататурк и Сабиха Гокчен, поради најавата за силни врнежи од снег, соопшти турската телевизија НТВ.

Патниците кои планирале да патуваат на 18 јануари, може да добијат точна информација за летовите на официјалната страница на „Туркиш ерлајнс“.

Авиокомпанијата вчера објави дека поради силни ветрови денеска нема да бидат извршени 45 летови од и до аеродромот Ататурк.