„Туркиш ерлајнс“ со извинување до патниците од вчерашниот лет Скопје - Истанбул

Претставништво на „Туркиш ерлајнс“ во Македонија во денешното соопштение до медиумите им се извинува на патниците поради вчерашниот неочекуван настан и доцнењето на летот Скопје – Истанбул.
Од „Туркиш ерлајнс“ потенцираат дека исклучително внимаваат на безбедноста и задоволството на патниците.
- Поради пронајдениот мобилен телефон, чиј сопственик не е познат, спроведени беа стандардните безбедносни процедури, според компаниските и меѓународните воздухопловни правила, и по превземањето на потребните дополнителни мерки на иницијатива на одговорните за безбедност на аеродромот, во 22:45 часот по локално време, воздухопловот беше спремен, по што летот беше остварен без проблеми, се наведува во соопштението.
„Туркиш ерлајнс“, како што се додава во соопштението, има летови до најмногу држави и меѓународни дестинации во светот и има мисија да ја поврзе Македонија преку Истанбулскиот транзитен центар со светот, соработката и целосната координација со македонските авторитети ги има и истите продолжуваат без прекин уште од 1998 година.
- Во оваа прилика му се заблагодаруваме на македонскиот народ за довербата во нашиот бренд, а благодарни сме им на македонските авторитети за успешното и безбедно решавање на оваа ситуација, се наведува во соопштението од претставништво на „Туркиш ерлајнс“ во Македонија.
Ново на Сител
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
