Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува

По периодот на неизвесност предизвикан од случувањата на Блискиот Исток, туристичкиот сектор постепено се стабилизира. Од кумановските туристички агенции велат дека дел од летовите и аранжманите кои беа откажани во изминатиот период повторно се реализираат, а новите резервации се во тек. Од туристичките агенции информираат дека во моментов нема ограничувања за патување и дека најголемиот дел од програмите се одвиваат според планираното. Сепак, како што посочуваат, последиците од кризата сè уште се чувствуваат, особено кај патниците кои остануваат внимателни при изборот на дестинација. Откажувањата на летови, пред сè од страна на авиокомпаниите, предизвикаа финансиски последици, но во најголем дел од случаите патниците добиле поврат на средствата.
-Штетите секако дека се големи таму каде што имало откажувања на летови од страна на авиокомпаниите. Во тие случаи постои рефундација на средства. Кај аранжманите каде што немало официјална забрана за летање и летовите се реализирале непречено, состојбата е нормализирана и функционирањето е вообичаено- изјави Наташа Трајковски, туристички работник.
И покрај претходните откажувања, интересот за летните аранжмани останува стабилен. Најбарани и понатаму се традиционалните дестинации како Грција, како и чартер-програмите за Турција, Египет и Тунис. Од туристичките агенции велат дека не се забележуваат значителни откажувања во последниот период, а граѓаните активно резервираат патувања за претстојната сезона.
Од Националната асоцијација на туристички организации посочуваат дека состојбата континуирано се следи во координација со надлежните институции и ресорното Министерство, со цел навремено информирање и заштита на патниците.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
