Македонија
15. July 2018 - 16:35

Туристичките центри Охрид и Струга и ова лето мака мачат со питачењето

Туристичките центри Охрид и Струга и ова лето мака мачат со питачењето.Оваа појава останува сериозен проблем во двата крајезерски града каде најчесто доаѓаат лица од источниот крај на ден два а некои пак остануваат и подолго . Голи ,боси и изгладнети деца млади и стaри просат од минувачите во угостителските објекти по улиците и тротоарите и на сите места каде што фреквенцијата на луѓе е најголема се со една цел да добијат што повеќе пари.

Граѓаните реагират и бараат итно решавање на овој проблем кој се провлекува години наназад .

Оние кои се затекнати на лице место  се повикуваат во полициската станица и се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење.

Инаку во првите 6 месеци од оваа година на подрачјето на Охрид регистрирани се 15 случаи на питачење што претставува зголемување во однос на ланските осум регистрирани во истиот период.