Бизнис
27. July 2020 - 16:38

Туристичките агенции во среда на протест

Туристичките работници во среда излегуваат на протест. За Сител велат дека  по речиси еден месец откако ги испратиле барањата за добивање на финансиска поддршка до Министертвото за економија, одговор од таму сеуште немаат добиено. Поради тоа протестниот марш  во среда во 16 часот ќе почне од пред Дрво декор и преку Собрание ќе заврши пред Владата. Целта е велат да им покажат на надлежните дека постојат.

Тврдат дека ако државата не им излезе во пресрет туристичките агенции целосно ќе банкротираат, над 5.000 работници ќе останат на улица и ќе се најдат на списокот во Агенцијата за вработување.

Пред извесно време тие до надлежните испратија листа на барања кои според туристичките работници треба да помогнат да опстои секторот кој е еден од најпогодените од кризата со вирусот.

Бараат субвенциите за плати да важат до крајот на годината, враќањето на кредитите да се одложи до септември  следната година, компаниите од овој сектор да се ослободат од плаќање на ДДВ,  бараат и  субвенции за зелен картон за автобусите и минибусите, а искористеноста  на капацитетот на патничките возила за туристички цели наместо 50 да биде 70 проценти.

Поради кризата со вирусот туристичките агенции веќе петти месец се со клуч на врата.