Бизнис
11. March 2020 - 16:35

Туристичкиот сектор тврди дека е пред банкрот, министерството за економија бара да не се злоупотребува состојбата

Туристичкио сектор пред банкрот поради коронавирусот. Бројот на туристи драстично опаднат, секторот со загуба до 80 проценти.  Сите тури за велигденските празници се откажани. Работнциите велат месеците март, април,  мај и јуни се тотално загубени. Се стравува од можно затворање на капацитетите.

За да не се доведат до ситуација да отпуштаат  работници, бараат да бидат ослободени од плаќање придонеси за период од 6 месеци, а ДДВ за храна за угостителските објекти да се намали од 18 на 5 проценти.

Од  секторот велат дека туристичките агенции кои се дел од коморите за 8 март немале тури во Италија, само за Германија и Франција.  Бидејќи не излегуваат надвор од земјава, апелираат до македонските граѓани за велигден да ги искористат домашните убавини.

Барањата ги доставиле до  министертвото за економија. Од таму велат дека туристичкото стопанство ќе има максимална подршка. Но повикаа да не се користи ситуацијата со вирусот за постигнување придобивки.

Туристичките здруженија и комори да достават анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конфетенции и аранжмани и истите да ги достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите Комори и Здруженија. Предлогот за осигурување на аранжманите е прифатлив и истиот ќе биде ставен во измените  на законот за туристичка дејност. Министерството за економија смета дека во ситуации каде што главен предизвик е решавање на проблемот со вирусот COVID-19  не треба да се гледа можност за користење на ситуацијата за постигнување на одредени придобивки.

Апсолутно сме свесни дека туристичкото стопанство има сериозни последици , но факт е дека и другите гранки од економијата ги чуствуваат истите., се вели во дописот на министерството.

Во туристичкиот сектор дирекно се вработени  20 илјади   работници, а индирекно преку 100 илјади.