Туристи жртви на ВИ-измама за „божиќен базар“ пред Бакингемската палата

Туристи во Лондон се собираат на „божиќен базар“ пред Бакингемската палата, но на самото место се покажува дека воопшто нема никаков собир.
Слики создадени со вештачка интелигенција од наводен блескав празничен базар пред британската кралска резиденција кружат на социјалните мрежи, заведувајќи ги посетителите да се упатат кон, всушност - непостоечката „зимска бајка“.
Меѓу страниците што ја шират фотографијата на „Тик-ток“, „Фејсбук“ и „Инстаграм“ е и „Лондон травелерс“ (london.travelers) - интернет-страница на американската туристичка компанија „Атотел“ (Athotel) со околу 2,5 милиони следачи. Според „Метро“, таму е објавена лажната ВИ-снимка, којашто подоцна била отстранета.
Поблизок поглед на лажната снимка открива голем број апсурди: „Снежни“ тезги зад портите на палатата (невозможна глетка поради строгите безбедносни мерки) и светла што лебдат во воздух.
Всушност, оваа година Бакингемката палата има само мала божиќна тезга. Тоа е привремената Божиќна продавница „Ројал мјуз“ (Royal Mews Christmas Shop), што ќе работи од 14 ноември до 5 јануари. Во неа се продаваат празнични изданија на официјални кралски сувенири, како и сезонски напитоци и закуски.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
