-->
-->
Туристи од Малта во прва посета на брегалничкиот регион
-->
Туристи од Малта деновиве престојуваа во прва посета на брегалничкиот регион. Групата туристи прво го посети беровскиот регион, каде учествуваа во планинарски марш по Малешевските Планини.Како што информираше планинарскиот водич Љупчо Чучуковски, се работи за љубители на убавата природа, кои во претходен заеднички договор изразиле желба, ова лето да организираат туристичка тура во брегалничкиот регион.
– Заедно со гостите од Малта реализиравме планинарска акција по Малешевските Планини, бидејќи тоа е и моја обврска како планинарски водич, а тоа е развивање на туризмот и планинарството во Пијанец и Малеш. Потоа го посетиме Берово, манастирот Св. Архангел Михаил, имавме прошетка по Беровското Езеро, ја посетивме познатата месност Клепало, како и неколкуте комплекси околу езерото. Гостите задоволни од она што го видоа, ветија дека ќе се обидат ова искуство да им го пренесат и на други туристи, кои би го посетиле овој крај од државата, истакна Чучуковски.
За туристите беше вистинско доживување да се видат пределите во Малешевијата.
– Водичот ни помогна да се искачиме на планините. Потоа имавме можност да пробаме од овдешната храна и навистина ни се допадна. Навистина имавме едно интересно доживување, дознавме многу информации за овој регион и ветуваме дека заедно со други гости повторно ќе дојдеме, истакна туристката Тања од Малта.
Берово е позната туристичка дестинација меѓу странските туристи. Освен туристите од Малта, досега во два наврати беровскиот регион го посетија и организирани групи туристи од Франција и Холандија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
