Туристи од Индија го посетија брегалничкиот регион
Откако пред неполн месец туристи од Малта имаа прилика да се запознаат со убавините на Малешевијата, деновиве вљубеници во природата од Индија го посетија брегалничкиот регион.
Според лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски, кој ја придружуваше групата од градот Бомбај, се работи за прва посета на овој регион на гости од Индија.
-Во претходен договор со моите пријатели-планинари и вљубеници на природата од Индија, реализирав уште една планинарско-алтернативна маршрута по Малешевските планини. Со туристите имавме посета на црквите Рожденство на Пресвета Богородица и женскиот манастир Св.Архангел, а во рамки на турата имавме планинарски марш до Беровското езеро кој беше во должина од два километра, информира Чучуковски.
Додаде дека турата низ Малешевијата завршила со посета на бачилото Клепало, каде туристите од Индија имале прилика да вкусат традиционални македонски јадења.Чистиот воздух, недопрените предели од природата и типично органските производи карактеристични за овој крај е она што ги заинтересирало посетителите од Бомбај да го посетат овој регион.
-За Берово најдовме податоци преку наши пријатели и не заинтересира она што го видовме на интернет. Навистина испадна подобро од тоа што очекувавме. Со сигурност ќе го препорачаме на наши пријатели, истакнале во својата кратка изјава туристите од Индија.
Лиценцираниот планинарски водич Чучуковски најави уште вакви активности како дел од промоцијата на регионот Пијанец-Малеш, а со тоа и на Брегалничкиот регион.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово